Трудова медицина

ПЗУ Поликлиника на примарно ниво ВФВ Поликлиник Скопје е овласена здравствена установа од областа на медицина на трудот во која се вршат превентивни здравствени прегледи, кои се дефинирани со “ Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствени прегледи на вработените” (Сл.весник на РМ бр.60/2013).


Согласно актуелната легислатива во Р.С. Македонија, превентивните прегледи на вработените се изведуваат со цел да се утврди здравствената состојба и работна способност на вработените за извршување на работни активности на конкретното работно место. Медицинските прегледи се изведуваат врз основа на наодот од проценката на ризик на работното место затоа што само на тој начин се добиваат релевантни податоци за експозиција професионалните штетности и опасности.


Активностите на медицината на трудот се насочуваат кон унапредување на здравјето и работната способност на работниците и превенција на професионалните болести, болестите во врска со работата и повредите при работа..


Во рамки на службата за медицина на труд се вршат:

*Претходни, периодични, насочени и систематски прегледи на вработени

*Прегледи на вработени во зона на јонизирачно зрачење

*Лекарски уверенија за вработување

*Лекарски уверенија за вработување во странство

*Обука за прва помош на вработени

*Активно учество во проценка на ризик на работно место

Стематските прегледи се состојат од:

* Статус по системи и антропометрија

* Испитување на функцијата на видот

* 12 канално ЕКГ

* Спирометрија

* Лабораториско испитување во VFV Laboratory

Оддели